ШоуБиз

Боб Дилан ќе учи да свири гајда…за галичка да не е?:)

Музичката легенда Боб Дилан планира да научи да свири гајда. Имено, додека престојува во Глазгов, каде овој викенд треба да одржи два концерти, Боб си купил шкотска трандиционална гајда „Р.Г. Харди“, а тоа е една од најдобрите постоечки марки на гајди.

Боб Дилан не дошол лично во продавницата, туку испратил некој да го подигне инструментот заедно со прирачникот за употреба.

–        Од секогаш сакаше да научи да свири на гајда, – изјавила претставничката на Дилан за медиумите.

На прашањето колку платил за гајдата, таа одбила да одговори.

Дилан многу често покажувал интерес за сè што е шкотско. Еднаш има изјавено дека една од неговите најомилени народни шкотски песни ја преработил и на тој начин го направил својот огромен хит „The Times They Are A-Changin“.

Напиши коментар