Доколку сте едни од оние кои го обожаваат богатиот вкус на чоколадото, ова е иделаен рецепт за вас. Оваа чоколадна торта се подготвува многу едноставно, сите состојки се мешаат во еден сад, а ќе вкусите одличен десерт.
Потребни состојки:
4 јајца
¾ чаша кафеав шеќер
½ чаша растопен путер
1 пакетче пудинг од какао
1 чаша брашно
½ чаша млеко
8 лажици грчки јогурт или павлака
1 ½ шолја чоко чипс
1 пакетче ванила
Подготовка:
Најпрво длабокиот сад за печење намачкајте го со масло. Потоа ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги состојките со жица за матење и ставете го садот во загреана рерна. Печете на многу тивок оган четири часа.








1 Comment
Сосема сигурно вкусна е тортата, ама како да излезам на крај со ограничениве лебни единци!?