Sweet Home

Боите во кујната

При уредување на кујната, освен распоредот на елементите, изборот на материјалот и внимателното планирање на просторот, не треба да се заборава еден важен

При изборот на боја треба да се знае каков ефект сакаме да постигнеме. Соодветниот избор на бои ќе ја направат кујната пријатно место за престој, но исто така треба да се знае дека бојата може да ја поттикнува или да ја намалува желбата за храна.

Доколку се одлучите за еднобојна кујна, на пример бела, треба да размислите дали големата белина со тек на времето нема да ви биде здодевна.

Земјани тонови

Едни од најупотребувани тонови за места каде што се готви и јаде се земјаните тонови – различни нијансите на кафена, жолта и бронзена боја ќе внесат чувство на топлина и пријатност во просторот.

 

Портокалова

Портокаловата боја во голема мерка е поврзана со храната и прејадувањето. За неа се смета дека ги наведува луѓето да размислуваат за храната и дека го поттикнува чувството на глад, па така неретко е избор на сопствениците на ресторани.

 

Црвена

Боја кој дури и повеќе од портокаловата го поттикнува гладот, но и страста. Затоа треба да се употребува со мерка, бидејќи од една страна може просторот да го направи преагресивен, а од друга страна постојано да ве води кон фрижидерот.

 

Сина

Една од “најдиеталните” бои е сината боја. Психолозите го објаснуваат ова со фактот што не постои многу сина храна, па така сината не ја поврзуваме со обедувањето. Затоа кога сме опкружени со сина боја, се чувствуваме помалку гладни или потполно сити.

 

Црна

Оваа боја визуелно го намалува просторот, па поради тоа не е најпогодна, особено ако кујната е со поголеми димензии.

 

Напиши коментар