Фронтменот на една од најславните рок групи U2, Боно Вокс изјавил дека му било страв кога требало прв пат да се запознае со Алиша Кис. Боно вели дека страшно ѝ се восхитува и дека Алиша има лавовска енергија.
– Се тресев како прв пат да ми е. Се ужаснував од помислата дека ќе ја запозаам.
Тие за прв пат се запознале пред 10 години кога заедно ја снимале насловната песна за хуманитарниот албум на Марвин Геј „Going On“. Боно не завршува тука со комплиментите кои ги има за Алиша.
– Алиша нема да дозволи било која мајка да страда. Сите имаат срце, но за она што Алиша го прави, мора да имаш и мозок. Мораш да бидеш мудар и да размислуваш стратешки. Парите мора паметно да се потошат. Ако парите се трошат без потреба, луѓето се вознемируваат.
Инаку, Алиша е ангажирана во добротворната организација „Keep a Child Alive“.
