Можеби ова е најчестото прашање кое се поставува во бракот: колку секс е потребно за брачните партнери да бидат среќни?
Дека ова прашање е многу важно потврдува и фактот дека една французинка добила судски спор во кој го обвинила својот сопруг дека за 21 година не добила секс каков што заслужува. Овој спор завршил со развод и 10.000 евра во џебот на сопругата (а таман помислев дека вакви идиотски спорови има само во Америка).
Но да се вратиме ние на темата, на прашањето „колку секс е доволно?“, одговор се обиделе да дадат научниците од Универзитет во Чикаго. Тие спровеле истражување во кое дошле до следниве резултати:
Во просек брачните другари имаат секс 58 пати годишно, а тоа пак значе дека неделно имаат секс нешто повеќе од еднаш. Овој број значително опаѓа после добиено прво дете, а потоа додатно и после второ дете.
Најактивни се паровите кои имаат под 30 години и водат љубов 109 пати годишно, што значи во просек 2-3 пати неделно. Но постојат разни варијации.
Мажите, земено општо, имаат поголема желба за почест сексуален однос отколку жените и токму поради оваа разлика се случуваат и разводи, велат научниците. Како главна причината тие ја наведуваат комуникацијата која всушност и ја нема кога станува збор за овој проблем, па затоа тој и не се решава. Сексот е сеуште табу тема на која многу не се зборува, па затоа проблемот останува, велат тие.
Она што се издвојува како најинтересен факт од ова истражување е дека во САД, 15% од брачните парови скоро и да немаат секс или пак воопшто и го немале во последните 6 месеци.
Споредете како стоите вие.
