Џастин Терокс постојано ѝ дофрла на својата девојка Џенифер Анистон поради нејзините интензивни дружења со поранешните дечковци. Кој знае како би реагирал кога би ја слушнал идејата на Бред Пит.
Имено, актерот ја поканил поранешната сопруга заедно со дечкото, да дојдат во Лос Фелиз, каде заедно со неговото семејство би го прославиле Божиќ.
Бред и порано изјавил желба да го запознае новиот дечко на Анистон, особено откако сфатил дека нивната врска е сериозна.
– Бред сака Џенифер да дојде на нивната божиќна прослава. Тој смета дека најверојатно ќе се сретнат и на доделувањето на Оскарите, па сака да бидат во добри односи, – открива близок извор за американските медиуми.
Иако идејата звучи симпатично, останува да видиме како ќе изреагира Џастин на оваа покана.
