ШоуБиз

Бредли Купер продолжува да ја изненадува и заведува Џеј Ло – Ќе го прифати ли таа тоа?

Додека некои таблоиди нагаѓаат дека наводната врска помеѓу Џенифер Лопез и Бредли Купер е само добро смислена приказна за јавноста, во медиуните и понатаму струјат гласините како актерот ја освоил неодамна разведената пејачка. Новопечениот пар, се вели, бил на романтична вечера со свеќи во Њујорк претходната недела, а после тоа Бредли решил да ја изленади Џеј Ло на снимањето на филмот. Отпатувал на Флорида во луксузното одморалиште каде Џенифер престојува за време на снимањето на својот најнов трилер „Parker“.

–        Се пријавила на листата во хотелот, прво Џенифер, а ден потоа и Бредли, – вели еден извор. “Бредли е доста упорен во намерата да ја освои. Се обидува да ја придобие доста долго време, а таа конечно го прифати,- додава изворот.

Наводно, Џеј Ло многу се израдувала кога младиот актер ја изненадил на снимањето и веднаш го запознала со своите деца. „Ѝ се допаѓа тоа што Бредли прави сѐ за да ја освои“, – вели еден од пријателите на Купер.

Напиши коментар