Дечкото кој ја држи титулата за најсексапилен човек на светот е повторно зафатен. Се шпекулира дека Бредли Купер е виден во друштво со француската актерка Мелани Лорент. Тие заедно уживале во Париз. Оваа актерка е најпозната по улогата во филмот на Квентин Тарантино „Неславни колпилиња“.
Нивниот состанок започнал со театар, а продолжил со вечера во хотелот на Бредли. Изгледале задоволно и весело додека излегувале од театарот, а на кратко поразговарале и со своите обожаватели. Пред Мелани, Бредли беше во врска со Рене Зелвегер, а неодамна го поврзуваа и со Џенифер Лопез.
