Колекција чевли за есен/зима 2011. Омилените чевли на многу познати дами ова зима се многу посмели откога и да е, па така Brian Atwood во својата последна колекција за постудените денови се одлучи да си поигра со сите можни материјали, примероци и детали. Statement чифт чевли секако се добредојдено парче во плакарот на секоја трендсетерка, а познатиот дизајнер на чевли секако најдобро знае во што жените сакаат да се чувствуваат посебно убаво.
Ова зима неговата линија чевли ја карактеризираат светлите бои, како на пример виолетовата и розовата, како и оние елегантните смирени нијанси на вино и темно зелената, а студените денови исто така се назамисливи без бројните опции во црна и сива нијанса, кои многу често се главен избор во гардеробата на многу жени.
Brian Atwood е познат по еднаквата застапеност на лакираната и брусената кожа во изработката на своите креации, а ова сезона интересни се моделите како во лак така и во скапоцената кожа од питон. Можеби најмногу внимание, Atwood им посветува на деталите, па така моделите се украсуваат со пердуви, а нитните и понатаму се украс број еден на чевлите, а друштво им прават ремчињата, врвките и машните.
Како изгледаат смелите креации на Brian Atwood за ова сезона, погледнете во нашата галерија.



















