ШоуБиз

Бритни несредена шета по Загреб!

Вчера, рано на утро, Бритни Спирс пристигна во Загреб заедно со синовите и со татко ѝ Џејми. Пејачката пристигна од Будимпешта каде последно имаше концерт, а вчера вечерта требаше да одржи концерт во Загребска арена. Во текот на целиот ден, пред хотелот каде што била сместена Бритни се собрале голем број на обожаватели кои очекувале со нетрпение, барем на кратко да ја видат светски познатата пејачка.

Желбата им се исполнила попладнето, кога Бритни излегла од хотелот во придружба на своите телохранители. Имала неуредна фризура и носела сиво, долго палто. Со неа биле и синовите кои за рака ги воделе телохранителите.

Инаку, Бртини немала некои посебни побарувања од организаторите, само 50 шишиња вода и масерка. Исто така, забранила да ѝ носат нездрава храна. Хотелот во кој одседнува Бртини се вика Вестин и една ноќ чини 2000 долари.

 

Напиши коментар