За многу мажи, Бритни Спирс е синоним за убава и секси пејачка. Меѓутоа, на своите концерти во месец јуни, гледачите можеа да видат како Спирс драстично се променила и доста се здебелила, па костимите не ѝ стоеле така убаво како порано.
Откако Бритни ги чула коментарите на сметка на својата фигура, веднаш почнала да оди во теретана и на концертот кој неодамна се одржа во Буенос Аирес таа покажала доста затегнато тело, иако претходно изјавуваше дека не се срами од своето сало и целулит.

– Тешко е да се натерате наутро да одите и да вежбате. Толку ме мрзи да вежбам, а сум страствен љубител на чоколадо. Сепак, горда сум на себе и имам впечаток дека сум завршила одлична работа, – изјавила Бртини за новата линија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=FJm8yjOXUOU&
