ШоуБиз

Брус Вилис пак ќе биде татко?!

Според американските медиуми, актерот Брус Вилис ќе стане татко на уште едно дете. Неговата жена Ема Хемниг е наводно бремена и го чека нивното прво заедничко дете.

–        Веќе се познава дека е трудна, – вели еден близок извор.

Вилис досега има три ќерки со поранешната сопруга Деми Мур и тоа 23-годишната Румер, 20-годишната Скаут и Талула која има 17 години. Неодамна Брус откри дека сака да има уште деца, но дека не е особено загреан за таа идеја.

–        Би сакал да имам или сто или повеќе ниедно дете. Не ми е толку битно тоа. Покрај Ема се чувствувам одлично, – изјавил 56-годишниот актер, кој со сегашната партнерка е во брак од 2009 година.

Кога ја запознал Ема бил најсреќниот човек на светот, вели Брус и додава дека и понатаму важи истото. Сепак, парот нема искоментирано ништо поврзано со бременоста на Ема.

Напиши коментар