ШоуБиз

Брус Вилис во кавга со Ештон Качер!

Според американските медиуми, актерот Брус Вилис е бесен на сопругот на својата поранешна жена Деми Мур. Тој смета дека Качер со неговите дела ја понижил и Деми и целото нивно семејство, а особено децата.

Брус Вилис е огорчен поради неверството на Ештон Качер и не постои начин на кој сето тоа може да се поправи. Брус, наводно го натерал Качер да ѝ се извини на Деми за аферата со старлетата, после што Качер се расплакал и молел за прошка.

Според блиски извори на парот, Качер со денови ги избегнувал повиците и пораките на Вилис, но на крај се сретнале и машки разговарале.

–        Брус беше бесен. Му викаше на Качер што ја изневерил и понижил не само Деми, туку и трите негови ќерки. Беше стварно немилосрден, барајќи од  Ештон што побрзо да се собере и да престане со такво однесување, – изјавува изворот.

По разговорот, Качер се расплакал.

Никогаш повеќе нема да ја изневерам, – низ солзи му одговорил на Вилис

Write A Comment