Убавина

Брз маникир со стикери за динамични жени

Бидејќи нашата цел е да ве информираме за сè поврзано со убавината, овој пат ви соопштуваме за нешто не толку ново, но затоа пак доста интересно. Ако не сте слушнале за лепенки за нокти, кои ја покриваат целата површина на ноктот, тогаш сега е времето.

Ако некогаш сте мечтаеле маникирот сам да се направи, и за неколку минути да имате прекрасни, шарени и веќе суви нокти, сега ја имате таа шанса – со лепенките или стикери за нокти, кои се направени од вистински лак.

Разликата меѓу вообичаената процедура, која и е позната на секоја жена, е во тоа што ова е многу побрзо, полесно и упростено. Наместо да се нанесува лак, се лепат стикери, се оформуваат по желба и ова е се што треба да го сторите.

Кои се основните предимства на стикерите за нокти:

–        Не треба да чекате да се сушат

–        Издржливи се најмалку 10 дена

–        Се отстранува лесно со ацетон

–        Ги има во најразлични бои, нијанси и принтови

–        Идеален е за динамични и активни жени

И како ви изгледа идејата да не губите цел час во лакирање и сушење?

 

Напиши коментар