ШоуБиз

Бушавата Гвен се прошета низ Лондон

Јасно ни е на сите дека Лондон знае да биде многу ветровит, но мораме да признаеме дека многу се изнанадивме кога ја видовме оваа фотографија на секогаш средената Гвен Стефани. Тука е со разбушавена и доста невообичаена за неа коса. Плус, стилот на облека воопшто не се вклопува со фризурата.

Гвен е моментално во Лондон каде присуствуваше на промоцијата на книгата-кувар „Made in Sicily“ на познатиот готвач Џорџо Локатели.

За време на промоцијата на книгата на Гвен ѝ се придружила Кејт Винслет со која заедно се забавувале цела ноќ.

Напиши коментар