Со многу пријатен вкус овој чај може да ги замени класичните лековити чаеви во случаите кога некоја личност не го поднесува вкусот на „трева“, па токму од таа иста причина чајот од јаболко е драгоцен кога се во прашање немирни деца кои никогаш не спијат.
Рецепт:
Варете едно цело јаболко, со кората и семките во 1 литар вода најмалку 45 минути.
По една шолја од оваа течност, која се чува во фрижидер, се пие неколку дена по ред пред спиење.