Мода

Чантите на Кејт Мос и “Longchamp”

Супер моделот Кејт Мос продолжува со нејзината успешна соработка со “Longchamp”. Прекрасната британка создаде нова колекција чанти за сезона есен-зима 2011/12.  Аксесоарите се во стилот “shic-N-rock” и според она што таа го изјави, ја изразуваат нејзината идеа за тоа како треба да изгледа женската чанта на една современа млада жена – доволно голема за да може да собере  се неопходно, без да е излишно претенциозна, и се разбира изработена од од актуелни материјали и бои.

Нашето мислење е дека Кејт и Longchamp се справиле одлично. Чантите ни се допаднаа многу! А на  вас?

 

Напиши коментар