Мода

Чантите на Phoebe Philo

Веќе месец и половина дизајнерката Phoebe Philo успева да ги сруши сите рекорди во побарувачката на чанти, независно дали се работи за јавните познати фаци или „обичните“ жени. Таа креираше извонредна колекција на чанти за француската модна куќа Celine. Чанти чија цена достигнува вртоглави 5000 долари и чанти кои може да си ги дозволи и „обичната“ жена се дел од нејзината нова колекција која според сите мерења е една од најдобрите колекции во историјата на модата кога станува збор за чантите како неопходен моден детаљ на современата жена.

Нејзините нови модели се во различни бои и модели, совршено се вклопуваат во секој стил на облекување.

Со еден збор извонредна колекција која според модните стилисти преставува можна револуција кога станува збор за чантите.

Напиши коментар