Убавина

Чести грешки при бојадисување на косата

Покривањето на белите влакна,нов имиџ со поинаква нијанса или едноставното оживување на бојата на косата може да бидат причина за бојадисување, но кога тоа го правите во домашни услови може да има и не баш посакувани последици.

Доколку сте имале лошо искуство со непосакуваната нијанса на коса, па дури и сериозното повредување на структурата на влакното, тогаш размислете бојадисувањето да го препуштите во професионални раце.

Најчестите грешки кои се јавуваат при бојадисувањето!

Грешка бр. 1

Изборот на нијанса според сликата на опаковката

Мислите дека ќе ја добиете идентичната нијанса на боја од амбалажата, но не секогаш е така. Нијансата која ќе ја добиете со бојадисувањето, во најголем дел зависи од природната боја на вашата коса, така да залудно мислите дека ќе ја имате истата нијанса како косата на девојката од амбалажата.

При изборот на посакуваната нијанса користете го каталогот со бои на прамени од природна коса.

Грешка бр. 2

Бојадисување без да направите тест на алергија

Алергијата на компонентите на бојата за коса може да се појави во форма на воспалителен процес, чешање, па дури и интензивно опаѓање на косата, затоа пред да ја бојадисате целата коса, направете тест со нанесување на малку смеса на кожата од внатрешниот дел од раката или зад увото.

Најдобро е тестот да го направите ден два пред бојадисувањето.

Грешка бр. 3

Бојадисување на нечиста коса

Бојадисувањето на коса на која има остатоци од лак или други средства за нега ќе биде повеќе од неуспешно. Ова се однесува и на регенераторот за коса.

За рамномерен ефект на бојата при миењето пред бојадисување користете само шампон и добро исчешлајте ја косата.

Грешка бр. 4

Подолго време на држење на бојата од препорачаното

Не продолжувајте го времето за бојадисување подолго од она наведено во инструкциите затоа што на тој начин нема да го подобрите ефектот на бојадисувањето. Поверојатно е дека ќе се соочите со алергиска реакција на кожата на главата или оштетен вид на косата.

Почитувајте го препрачаното време на држење на смесата за бојадисување. Најчесто 40 – 50 минути.

Грешка бр. 5

Бојадисување со драстично различни нијанси од природната боја на коса

При изборот на посакуваната нијанса треба да го имате предвид фактот дека нијансите драстично спротивни од вашата боја на коса се безнадежни и во тоа нема да ви помогнат ниту наскапиот третман, ниту најпрофесионалниот фризер.

Осветлувањето или затемнувањето на косата се препорачува да биде најмногу до три нијанси поразлично од природниот пигмент на косата. Во спротивно наместо нов имиџ можете да добиете сериозни заболувања на кожата на главата или да останете без коса.

Напиши коментар