Мода

Чевли без маана

Неоспорниот крал на високите потпетици, чиј чевли се гледани на  црвените теписи низ целиот свет, годинава слави 20 години од своето постоење. Тоа што жените  посебно ги радува е ексклузивната линија чевли која ќе биде дизајнирана по повод јубилејот, а која ќе биде прикажана  на дваесеттина пара чевли.

 

Се почна во 1992 година кога 28 – годишниот  Christian Louboutin, кој дотогаш занаетот го усовршувал во модните куќи на Dior, Chanel i Yves Saint Laurent, одлучил да се осамостои во светот на модата, и отвори сопствен бутик во малата улица денес позната како „Passage Louboutin” во Париз.

Денес, скоро 20 подоцна, креациите на Louboutin се присутни во 47 земји, меѓу кои е и Хрватска, а благодарејќи на брзиот  напредок на web  страниците специјализирани за продажба на луксузно дизајнирана стока, чевлите на Louboutin можат да се купат скоро  насекаде во светот.

Најголемиот дел  промотори  на чевлите на Louboutin се над илјада светски познати актерки пеачки и манекенки кои секојдневно дефилираат по црвените теписи со неговите дизајнирани чевли. Сепак, никој од нив не би можел да ја надмине американската писателка Danielle Steel која ѓи има околу 6000 пара!

Би можеле со денови да ги набројуваме епитетите кои ги красат овие чевли. Тие се чик, тие се елегантни и сензуални, професионално изработени до последниот детаљ, секси и несекојдневни. На ногата изгледаат волшебно. Во нив ногата изгледа по тенка, а целата фигура  поиздолжена. Кога не ги носите, би можеле со часови да ги набљудувате  како некое уметничко дело.

Овие 20 роденденски пара чевли ќе бидат толку ексклузивни што секојдневно се открива по некој детаљ од нивниот дизајн. Со оглед на тоа што овој бренд има многу голем број обожаватели, интересно ќе биде кои 20  ќе имаат среќа да ги имаат….

 

 

Напиши коментар