Сте посакале ли некој впечатлив моден додаток кој изгледа одлично независно со што би го комбинирале? Ви предлагаме да ги погледнете чевлите кои се доста модерни ова сезона – оние со капче – Симпатичен детаљ кој ги прави различни!!!
Нам многу ни се допаднаа, изгледаат одлично за свечени прилики, а рамните се совршени за оние кои повеќе го сакаат обичниот лежерен стил.

Неколку интересни модели забележавме во Zarа која се разбира секогаш е полна со тренд модели, а освен во Zarа ги има и на web shopот ASOS. Размислувате единствено дали би инвестирале во модел со рамна потпетица или пак со штикла? Нам некако ни се поубави моделите со потпетици затоа што изгледаат идеално во комбинација со едноставен фустан или костум, иако и тие со рамен ѓон се доста забележителни, посебно ако одберете балетанки или интересни и впечатливи чизми со нитни.

Трендсетерките го обожуваат овој нов модерен изглед на чевлите па претпоставуваме дека и вам многу ќе ви се допадне така што многу бргу ќе го засакате.



