ШоуБиз

Чевлите на Лејди Гага од лименки! Неверојатно!

Оваа година се одржа 19-тата Годишна изложба на конструкции и во неа учествуваа 26 скулптури кои ѝ пркосат на гравитацијата, дело на дизајнерски и архитектонски компании. Изложбата се одржува во Њујорк.

Меѓу останатите чудесии, се најдоа и две огромни копии на познатите чевли на Александар МекКвин, кои ги носеше Лејди Гага. Има градби-копии и на Титаник, Бруклинскиот мост и многу други познати згради и предмети. Конструкциите се направени од лименки, а за оваа изложба се искористени повеќе од 100.000.

Изложбата може да ја посети кој сака и влезот е бесплатен. Ќе трае до 21-ви Ноември.

Write A Comment