Можеме само да си замислуваме колку жители на Лас Вегас се свртеле по сексипилната старлета која самоуверено и на високи потпетици прошетала низ нивниот град. Тазe разведената убавица со поглед ги заведувала сите присутни…
Гледајќи ја како гордо чекори по улиците на Лас Вегас, тие што ја виделе очајно се труделе да забележат дали можеби Ким Кардашијан на себе веќе го носи накитот на Елизабет Тејлор кој го купи пред некој ден. Но, за жал го немала на себе. Можеби сеуште не стигнал во нејзини раце.
Сепак, и без дијаманти на себе, Ким како и секогаш изгледа секси и заводливо.


