ШоуБиз

Чиј лик е истетовиран на грбот на Дрејк?

Во спомен на починатата пејачка Алаја, Дрејк го истетовирал нејзиниот лик на својот грб, како и еден гулаб кој лета над главата на пејачката.

Инаку, Алаја несреќно загина во авионска несреќа во август, 2001 година. Дрејк вели дека таа имала најголемо влијание врз неговата музика. На 9-годишнината од нејзината смрт тој напишал:

–          Никогаш не сум изгубил родител, ниту пријател, ниту партнер, но овој ден нема никогаш да го заборавам. Го паметам денот кога дознав за твојата смет. Бев срушен. Не само што бев еден од твоите најголеми фанови туку бев вистински вљубен во тебе. Си реков на себе си дека иако никогаш не се сретнавме, сакам жена во животот токму како тебе.

Тетоважата со ликот на пејачката на грбот на Дрејк е симбол за неговата љубов кон Алаја.

Напиши коментар