ШоуБиз

Чија ќерка ужива во шлаг и чоколада?

Адријана Лима си ги засукала ракавите и направила вистинска празанична вечера за Денот на благодарноста, а тортата и мисирката најмногу ја воодушевиле малата Валентина Лима Јуриќ.

Адријана на својот Твитер профил ставила слики на кои со гордост ги покажува своите кулинарски способности и смислата за декорација. Сексапилната манекенка направила вечера во својот дом во Мајами, каде живее со српскиот кошаркар Марко Јуриќ и 2-годишната ќерка Валентина.

За празникот неопходна е една печена мисирка, потоа разни салати и преливи, но во оваа прилика Лима покажала дека води сметка и за калориите, па покрај вода, од пиење имало само диетална Кока Кола.

Најсреќна вечерта била малата Валентина, која уживала во шлагот и чоколадната торта.

–   Многу сум среќна што сме заедно со мојот ангел, – напишала Лима под сликата на која ја има Валентина.

Напиши коментар