Мода

Чизми над колена! Дизајнерите одучија што е ин оваа сезона

И оваа сезона бидете ултра модерни и екстравагантни со чизми до над колена. Овој моден тренд кој се појави мината зима и оваа сезона ќе биде дел од урбаната мода.

Ви ги претставуваме моделите на чизми со високи потпетици и високи до над колена. Стилно и сексапилно се епитетите од модните критичари за овие чизми.

Погледнете ги моделите на:

Ralph Lauren

 

Чизмите на Ralph Lauren Collection се од велур-кожа во темно кафена боја и имаат потпетицата со висина од 115мм. На делот кај коленото имаат украсна каишка. Доколку сакате да бидете вистинска дама на софистицираноста и гламурот одлучете се за овој модел кој може да го комбинирате со кратки шорцеви и мини здолништа или фустани во кафени и крем нијанси.

 

Jimmy Choo

 

 

Чизмите на Jimmy Choo се од црна мека и мазна кожа и имаат потпетици со висина од 125мм. Едноставниот модел е гаранција за зимската елеганција. Носете ги со плетени фустани и наметки. Се што ви е потребно е црна кожена чанта и немате ограничувања при изборот на останатите парчиња од вашиот стајлинг.

 

Gucci

 

Чизмите на Gucci се од сива велур-кожа и потпетици во висина од 125мм. Моделот кој се прилепува за ногата и врзувачките на делот зад коленото е вистински погодок за дамите кои преферираат екстраваганција. Носете ги со мастилно син зимски фустан и крзнено елече во сива боја.

 

 

 

Напиши коментар