За приготвување на оваа маска потребно ви е:
100 гр црна чоколада
3 капки етерично масло од портокал
Стопете ја чоколадата и додадете го етеричното масло и измешајте.
Нанесете ја маската на лицето ( а најдобар ефект ќе има ако предходно направите пилинг од мелено кафе, кафејава шеќер и маслиново масло ).
Оставете ја маската да делува 15 минути, а после се измива прво со млака па после со студена вода за подобра циркулација.
Нашиот совет: Правете ја маската еднаш седмично – поради масните киселини кои ги содржи, магнезиумот и витамините, кожата ќе ви биде свежа во текот на целата недела. Исто така има антиоксидантен ефект и ја пази кожата од штетното влијание на слободните радикали.