Мојата кујна

Чоколадна пица

Нема некој на светот кој е го обажава оној кафеав производ наречен чоколадо.

Но дали сте љубител на пицата. Доколку сте љубител и на двете замислете колку би било интересно да пробате и од двете во исто време. Па ајде да погледнеме како изгледа да се има чоколадна пица.

Да да добро слушнавте пица со сладок чоколаден вкус.

Иако сме навикнати пицата да ја консумираме солена, таа може да биде одличен десерт. Лесно и брзо можете да направите пица со чоколаден крем и банани за вас, за вашите пријатели или за роденденот на вашето дете и да уживате во уште една поразлична верзија на популарното јадење наречено пица.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

1 полуготово тесто за пица (или домашно подготвено тесто за крофни )

300 грама од омиленото чоколадо

½ банана

5-6 ореви

Шлаг пена

Чоколаден прелив

масло за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Премачкајте го дното на кружна тава за печење со малку масло за готвење, ставете го тестото за пица и оставете го да се печи околу 3-4 минути на 220°C, односно додека не започне да поруменува. На различните теста им е потребно различно време за печење, па затоа треба да го набљудувате.

Откако ќе го извадите од рерната, додека тестото е жешко, претходно изренданото чоколадо нанесето го врз тестото и вратете го   во рерната уште 1 до 2 минути.

Исечкајте ја бананата на тенки кругови, а оревите на мали парчиња. Распоредете ги бананите и поросете ја пицата со исечкани ореви. Сервирајте веднаш.

Чинијата во која ја служите пицата можете да ја украсите со шлаг пена или со чоколаден прелив. За уште поинтересен изглед, пицата можете да ја поросите со шеќер во прав, кокос или изрендано бело чоколадо.

ВАРИЈАЦИИ

Наместо банани, можете да користите јагоди или јаболка.

Наместо ореви, можете да користите други јаткасти плодови како бадеми, лешници, ф’стаци, бразилско оревче.

Наместо црно чоколадо можете да употребите и бело чоколадо или двете одеднаш на различни страни на пицата.

Наместо чоколадо може да употребите чоколаден крем ( на пример Нутела).

Напиши коментар