Префинетоста на чоколадото преточена во мека и вкусна пита.
Потребно е:
200 гр темно чоколадо (над 60% какао маса, иако можете да комбинирате пола млечно пола темно чоколадо)
150 гр путер
5 белки
5 жолчки
прстофат сол
100 гр шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
100 гр мелени бадеми
1 прашок за пудинг од чоколадо
пециво, на врв од нож
Подготовка:
Чоколадото скршете го на коцки и заедно со путерот ставете го да се стопи на пареа. Кога ќе се растопи, оставете малку да се олади. Од белките и солта направете цврст снег. Во друг сад изматете ги жолчките заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете додека да побелат жолчките и шеќерот се растопи. Растопената чоколада со путерот ставете ја во смесата со жолчки, измешајте малку и потоа додадете ги белките на неколку наврати (најубаво на три пати, притоа првиот пат мешајте енергично за да се соединат шлагот и смесата, а другите два пати не мешајте толку силно, затоа што целата пита ќе спласне во текот на печењето – ете ви бонус совет). Прашокот за пудинг просејте го заедно со печивото. Прашокот и мелените бадеми додадете ги во течната смеса. Земете едно тавче за печење и намачкајте го со путер, убаво. Претурете ја во него смесата и ставете ја питата да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени, околу 35 минути.

1 Comment
Ova mora da se proba. Zvuci vkusno,