Оваа чорба од врстата на печурки шампињони, се приготвува лесно и може да визамени еден оброк.
Може да ја спремите и како предјадење, а вкусна е и се препорачува кај оние лица што се на диета како додаток на лесните јадења.
Потребни состојки за оваа чорба се:
200 грама шампињони
1 главица кромид (ситно сецкан)
100 грама јогурт
5 шољи вода
½ шоља варен интегрален ориз
Зачини ( вегета, сол, нане) по желба
Подготовка: Исечкајте ги шампињоните тенко и сипете ги во сад со вода. Додадете ги и останатите состојки во садот, освен јогуртот и зачините кои се додаваат на крај. Сето ова се вари петнаесетина минути на тивок оган, а на крај додадете ги јогуртот и зачините.
Може да се јаде со црн леб или по желба, а ако јадете со леб, тогаш немате потреба од друго главно јадење.