ШоуБиз

Чудната продавница на Гага… со неа се е чудно!

Во еден дел од стоковната куќа „Барнис“ во Њујорк, сега можат да се купат работи кои ги дизајнирала лично Лејди Гага.

Гага отворила своја работилница која потсетува на кадри од филмот „Чарли и фабриката за чоколада“. Пред да се отворат вратите во „Барнис“, надвор се направила огромна редица, па посетителите ги забавувала една група кловнови, кои ги пееле хитовите на Гага.

–  Тој момент беше како од филмот „Чарли и фабриката за чоколада“. Сакавме сè да биде забавно, да ја поврземе уметноста со модата, – изјавила Гага.

На своите обожаватели им препорачала да купат перики, футроли за ајпед и ајфон, необични чорапи, како и нотеси со нејзините иницијали на корицата.

Во одделот за благи работи, можат да се најдат колачиња во облик на чудовишта, како и ланчиња од бонбони.

Напиши коментар