Дестинации

Чудни ботанички градини

Чудни и спектакуларни ботанички креации, заспани џиновски скулптури, божества, чудовишта, самовили, лавиринти… Ова се дел од најнеобичните градини во светот, места кои потсетуваат на имагинарните светови од бајките.

 

Изгубените градини на Хелиган, Велика Британија

Овие градини, некогаш уништени од урагани, денес се едни од најпосетените ботанички дестинации во Велика Британија, а вистинска атракција во градината е скулптурата на заспана девојка, чиј автор е Сузан Хил.

 

Паркот „Франциско Алварадо“, Коста Рика

Евангелисто Бланко, пејзажен архитект, ги создал овие чемпресни дрва во 1960. Тие водат кон внатрешноста на градината, каде од различни зимзелени дрвја се направени скулптури и апстракции, како на пример борба со бикови или мајмун на мотор.

 

Вила Ланте, Италија

Хидрауличниот систем во градината е дизајниран од Томазо Гинучи, а овозможува да функционираат бројните фонтани, базени и пештери. Градината изобилува со интересни зелени лавиринти и скулптури на шумски и водени божества.

 

Градината на чудовиштето, Италија

Оваа градина е дело на Пјер Франческо Орсини и Пиро Лигорио. Место каде ренесансата сè уште живее.

 

Висечките градини на Маркејсак, Франција

Оваа француска градина е систем од лавиринти направени од 150 илјади дрвја. Кружните форми ѝ даваат изглед како од некој анимиран филм.

 

Градината на космичката спекулација, Шкотска

Оваа градина е отворена за посетители само еден ден во годината. Се наоѓа во куќата на Чарлс Џенкс и во неа е претставена серија на репрезентативни структури кои ја симболизираат природата од секое делче на планетата. Градината е инспирација за оркестарското дело на американскиот композитор Мајкл Гандолфи, номинирана за Најдобра современа класична композиција на наградите Греми во 2009 година.

 

Кекенхоф, Холандија

Интензивните бои на лалињата во овие градини потсетуваат на земјата Оз и патот на Дороти и пријателите кај волшебникот.

 

Кулата Трамп, Њујорк

Вкупно дванаесет крушкови дрвја кои висат на масивната стаклена зграда, даваат необична слика за тоа дека нешто може да никне од метал.

 

 

 

Напиши коментар