Убавина

Црвена коса и сексипилот

Оваа сезона поставува нов тест за сите оние чија карактерна особина се експресијата и храброста. Без ни малку преувеличување, црвената коса и варијациите на црвената боја се најголем тренд оваа сезона. Предодредена за храбри и сите оние кои сакаат да се истакнат и обожаваат да ја средуваат косата. Премногу воочлива, забавна и ја изразува префинетата страна на жената.

Црвената коса е една од најтешките коси за одржување, затоа што црвената боја брзо побледува и израстокот секогаш е непожелен. Но кога косата е свежо фарбана нема начин да не се забележи. Црвената коса е перфектно ефектна за изразување на цртите на лицето.

При бојадисување со црена боја мора да се пази на нијансите на црвената боја, така што тие да одговараат на тенот на вашата кожа. Се препорачува да се посети фризер за да се избегнат честите катастрофи од домашното бојадисување.

Доволно е да имате црвена коса и да заблескате, колку и тоа да звучи неверојатно. И најдосадната комбинација од облека ќе изгледа занимливо и ефектно.

Напиши коментар