Во колекциите на светски познатите дизајнери, кои ги претставија на модната недела во Милано и Париз ќе забележите дека најзастапени се портокаловата и црвената боја.
Овие две бои се доминантни, а ги има во комбинација со светлите бои и со црната.
Овие бои се освежување во машката мода, со оглед на тоа дека последниве години наназад за сезоната есен – зима мажите носеа темни бои.

















