ШоуБиз

Да ја изневериш оваа убавица треба да си луд!

По сè изгледа, трендот да се изневерува партнерот е сеуште доста популарен меѓу холивудските двојки. По приказната на Деми Мур и Ештон Качер, на ред дојде и таа на Лив Шрајбер и Наоми Вотс.

Порталот кој прв дојде до информацијата за аферата на Ештон, успеа да дојде до нови информации за неверството на уште еден славен пар.

Се работи за Лив Шрајбер и Наоми Вотс, кои се во брак од 2005 година и имаат две деца. 44-годишниот актер наводно завршил во кревет со манекенката Фиби Робертс, со која во Австралија заедно го снимаше филмот „Mental“.

Оваа убавица која била двојничка на актерката Тони Колет во филмот, очигледно го завела Лив, па тој не можел да ѝ одолее. По една забава ја однел во својот апартман во Мејн Бич.

Напиши коментар