Откако се раздели од Џејд Дуел пред неколку месеци, популарниот актер Овен Вилсон е повторно активен на пазарот на сингл мажи. Забележан е како флертува со неколку жени додека бил на краток престој на Карибите.

Овен успеал да ги заобиколи сите локални барови и да докаже дека навистина е сам и желен за женско друштво. Последно е сликан во барот „St. Barts“ од каде си заминал со некоја непозната женска.

Инаку, ѕвездата од последниот кино хит „Полноќ во Париз“ се разведе од својата сопруга пред шест месеци, а заедно го имаат синот Роберт. До развод дошло бидејќи, наводно 43-годишниот актер не бил способен да се врзе и посвети на семејството. Постојано бил излезен со пријателите, и женски и машки, оставајќи ги занемарени сопругата е синот.

