Здраво тело

Дали да вежбате кога сте настинати? Неколку стручни совети

Дојде време на настинки и грипови. Ако сте еден од оние кои си фатија по нешто и се прашувате дали да продолжите со тренинзите еве го одговорот.

Не! Никако не одете на тренинг, но продолжете со здравите навики. Не ја трошете енергијата, насочете ја кон имунолошкиот состав. Но, имајте во предвид дека прекинот на тренонгот го намалува производството на глутенот (есенцијална амино – киселина) која е потребна за да зајакне имунолошкиот систем.

Зголеметео го дневниот внес на L – Глутените на 10г на ден.

Конзумирајте повеќе сируткини протеини. Сирутката е природно богата со состојки кои помагаат за јакнење на имунолошкиот систем.

Продолжете да се храните здраво. Избегнувајте ги слатките, тие само ќе го влошат вашето здравје, а освен тоа и ќе се здебелите, тоа најверојатно веќе го знаете.

Зголемете го внесувањето на витамините Е и Ц, и двата се моќни антиоксиданси.

Спијте повеќе. Сонот е идеален за лекување.

Штом почувствувате дека сте подобро може слободно да се вратите на тренинзите. Но, првиот нека трае 20 – 30 минути. На вториот веќе може да бидете 60% активни како на тренинзите кои ги имавте претходно. На третиот тренинг вие веќе ќе бидете во топ форма.

Напиши коментар