ШоуБиз

Дали и Ен Хетвеј ќе скока во тавче?!

Неодамна започна да живее заедно со својот дечко, а медиумите се загрижија да не случајно Ен Хатавеј планира во скоро време да се омажи.

Актерката која пред две години си купи стан на Менхетен, пред еден месец се пресели во помалку престижниот њујоршки кварт Бруклин за да живее заедно со својот дечко, актерот Адам Шулман.

–   Сите пријатели на Ен сметаат дека Адам е вистинскиот за неа. Многу време поминуваа заедно во неговиот стан, па затоа и решија да започнат заеднички живот. Таа е многу среќна и позаљубена во него од било кога, – изјавил извор близок на Ен.

Освен што е актер, Адам неодамна основа и своја линија накит, а прашање е кога ќе креира прстен специјално за својата избраничка.

–    Едвај чекаме да ја запроси, – додава изворот.

Адам и Ен започнаа да се гледаат кога Ен ја раскина врската со италијанскиот бизнисмен Рафаел Фолиери пред три години. Тој беше уапсен за проневера, перење на пари и завера.

Напиши коментар