ШоуБиз

Дали има виновник за смртта на Натали Вуд?

Актерот Кристофер Вокен решил да си најми адвокат откако полицијата во Лос Анџелес одлучила повторно да отвори истрага во врска со смртта на Натали Вуд пред 30 години. Во случај трагите да доведат до него, тој си се обезбедил со адвокат.

Тој 29-ти Ноември 1981 година, Кристофер се наоѓал на јахтата на актерката и нејзиниот сопруг Роберт Вагнер, но сега неговата верзија за наводната несреќа на Вуд не се поклопува со изјавите на новите сведоци.

Полицијата официјално изјавила дека Кристофер засега не е осомничен, а тој за овој случај молчел сè до 1997 година, кога во едно интервју раскажал што точно се случило на јахтата. Истата приказна ја повторува и сега. Според него, смртта на актерката е несреќен случај на кој му претходеле алкохол и кавга. Истиот ден се расправале и Вокер и Вагнер, но по кавгата Вокер си отишол во својата соба, а Натали и Вокер се упатиле на палубата, а тој дури утрото дознал за нејзината смрт.

Write A Comment