Џорџ Клуни направил нешто што досега го нема направено. Не се дели од својата девојка, а ја запрашал и дали таа би сакала да ја подигнат врската на едно повисоко ниво.
Стејси Киблер, девојката на Клуни, не само што е убава, туку е и сосема опуштена поради што актерот се осмелил да ја праша дали би сакала да живее кај него.
Се шпекулира дека можно е вечниот ерген да посака да стапне на лудиот камен од причина што не се одделува од сегашната девојка. Информацијата за заедничкото живеење ја споделил близок извор на Клуни, а кажал и со што Стејси го освоила шармантниот актер.
– Џорџ е маѓепсан од Стејси бидејќи таа му е како пријател, но многу посекси, – изјавил изворот.
