Пејачката Кети Пери е загрижена за својата пријателка и колешка Ријана, од причина што таа не престанува со журки и пијанчења, а често и се јавува и ѝ вели дека бара само некој кој искрено ќе ја сака.
Ријана наводно сеуште не може да го преболи Крис Браун со кој раскинаа скандалозно и на многу неубав начин.
Пријателката Кети Пери и нејзиниот сопруг Расел Бранд се обидуваат да ѝ објаснат дека е на лош пат, а и самата Ријана го признава тоа. Посебно се загрижиле кога неодамна Ријана заврши в болница.
Многумина од нејзините блиски велат дека ако пејачката продолжи со овој начин на живот, може да стане новата Ејми Вајнхаус на естрадата.
