ШоуБиз

Дарежливата Ријана

Атрактивната пејачка Ријана, Денот на благодарноста го прослави далеку од своите најблиски. Оваа година на овој ден Ријана се затекна во Ирска, поради работни обврски. Празникот го прославила во еден ирски паб, каде се опуштила и се решила да ја плати сметката на сто гости кои биле присутни во пабот.

Освен со вечера, таа гостите ги почастила и со елегантно издание, каде се појавила во црн, долг елегантен фустан. Ријана изјавила дека е многу тажна што тој празник, значаен за неа, го поминала далеку од своите најблиски па решила оваа година да ја сподели тагата со фановите во Ирска.

Write A Comment