Танчерот Каспер Смарт, кој од пред некое време се забавува со дамата за која танцува, односно Џенифер Лопез, можно е да заврши зад решетки поради многубројните казни за сообраќајни прекршоци.
Казната би можела да биде во траење од 90 дена поради возење со брзина над дозволената и тоа повеќе пати, а воедно Каспер не се придржувал и кон сообраќајните прописи. Според полициските извештаи, 24-годишниот дечко има учествувано и во нелегални улични трки, а три пати е фатен како вози без дозвола.
Смарт треба да се појави пред суд на 5-ти Јануари, идната година, а дотогаш треба да одработи 10 дена општествено корисна работа.
Е сега, дали Џеј Ло ќе потегне некоја врска да му пружи поддршка на своето ново „момче“ или само се забавува со него без никакви обврски, тоа допрва ќе видиме.
