ШоуБиз

Дефинитивно! Никол е сингл

Медиумите ја споделуваат веста дека популарната пејачка и возачот на Формула 1 дефинитивно ја раскинале четиригодишната врска.

Возачот на Формула 1 Луис Хамилтон и пејачката Никол Шерзингер се одлучиле на овој чекор по долгиот период во кој никако не успевале да се видат. Тоа е и причината за нивното разделување, разијдувањето во распоредите и неможноста да ги усогласат работните со приватните обврски.

–  Тие и понатаму се добри пријатели и тоа беше пријателско разделување. Едноставно заклучија дека не можат да ја одржат врската со таков работен распоред каков што имаат и двајцата, – изјавува нивен заеднички пријател.

Никол е моментално ангажирана во жирито на емисијата каде се натпреваруваат музички таленти „Х-Фактор“ во САД, па е приморана времето да го поминува во Калифорнија. Од друга страна, пак, Хамилтон патува по целиот свет за да земе учество во трките на Формула 1.

Абе дете, кај се остава ваква женска, за трки со количиња? 🙂

Напиши коментар