ШоуБиз

Деколтето на Клуниевата девојка е…:)

По сè изгледа дека Џорџ Клуни адекватно ја замени Италијанката Елизабета Каналис. Судејќи по вниманието кое неговата актуелна девојка го привлече на премиерата на филмот „Descendants“, Стејси Киблер е рамо до рамо со италијанската убавица.

Стејси која е поранешна боксерка, многу брзо се приспособи на прошетките по црвениот тепих, а на премиерата во Лондон се појави во лелеав фустан со големо деколте. Рака под рака со Џорџ Клуни едноставо блескаа. Е сега, што си е малку повисока, повисока си е. Ако не му пречи на Клуни, нас воопшто.

Напиши коментар