Легендата на фудбалскиот тим Јувентус, Алесандро Дел Пиеро решил да ги развесели навивачите на својот тим, како и жителите на Торино. Имано, фудбалерот овој месец се облекол како Дедо Мраз и тргнал да се шета по улицте на градот.
Ги поздравувал сите граѓани, им го честитал Божиќ, давал честитки и се фотографирал со сите свои фанови. Тие веднаш успеале да го препознаат, иако бил добро маскиран.
На својата официјална страница воопшто не криел дека максимално уживал во прошетката облечен како Дедо Мраз, а уште повеќе уживал во изненадувањата кои им ги приредил на своите сограѓани.
httpv://www.youtube.com/watch?v=fjXxkHy6cwM&feature=player_embedded
