ШоуБиз

Деми “дебело” ќе му наплати на Качер!

Холивудската актерка Деми Мур одлучи на најдобар начин да му се освети на својот неверен сопруг. Таа според изјавите на нејзините блиски пријатели ќе настојува да му земе колку што е можно поголем дел од вкупното богатство на Качер, кое се проценува на 140 милиони долари.

Можеби и се ќе беше како што Деми си замислува, но најголема препрека на нејзиниот план е предбрачниот договор кој што го потпишаа во 2005 година. Со него Деми сакаше да си го заштити своето богатство од 150 милиони. Но, тогаш Ештон бил на почетокот на својата кариера, па сега работите се променија и тоа значително. Сега Ештон располага со поголемо богатство, но несакајќи Деми му помогна во 2005 да си го зачува само за себе.

Напиши коментар