ШоуБиз

Деми Мур е бисексуалка?

–  Деми Мур ја привлекуваат жени исто колку и мажи. Ештон не ги задоволуваше сите нејзини потреби – открива еден од нивните блиски пријатели, а пренесуваат светските медиуми.

Тој наведува дека Качер и Мур имале многу либерален брак и дека двајцата обожавале да завршат во кревет со други жени.

–  Сите во Холивуд знаат за нивниот отворен брак, но засега успеваа некако да ја зачуваат оваа тајна подалеку од мастилото на новинарите. Деми го одобруваше флертувањето на Качер со други девојки и некако успеваа да ја одржат врската сите овие години. И на двајцата им одговараше ваквиот однос и одлично се забавуваа цело време. Ештон ми рече дека со Деми се согласиле да имаат отворен брак и баш поради тоа не чувствува дека ја изневерил сопругата.

Тие можеби сеуште би биле заедно ако не дознаеше јавноста за неговиот секс со Сара Лил. На крај излегува дека Сара е само уште една во низата девојки со кој бил Качер, но единствената за која јавноста и луѓето надвор од Холивуд дознаа. Очекуваме понатаму да се потврди информацијата дали Деми е навистина бисексуалка.

Напиши коментар