ШоуБиз

Деми Мур кај адвокат за развод!

Медиумите тврдат дека Деми Мур е видена како оди во посета на еден адвокат во врска со нејзиниот и разводот на Ештон Качер. Целта на посетата е да се средат формалностите околу поделбата на имотот и финансиските средства, кои засега им се подеднакви.

Двајцата се тешки по околу 100 милиони долари, но не е познато дали Деми ќе бара алиментација од идниот поранешен сопруг.

Инаку, Деми претходно беше два пати мажена, за текстописецот Фреди Мур и за актерот Брус Вилис. Иако засега се нема јавно изјаснето што мисли по повод сите овие трачеви, лаги и вистини, најверојатно ќе следи уште еден фамозен холивудски развод.

Напиши коментар