ШоуБиз

Деми Мур на вечера со непознат дечко! На крај и таа се созема:)

Деми Мур одлучила да не се крие од јавноста откако го најави разводот од бракот со Качер. Актерката била на вечера во еден холивудски ресторан, а со неа бил еден непознат дечко.

– Деми изгледаше одлично. Беше задлабочена во разговорот со дечкото, но не изгледаше како да се на состанок, туку како да делат некои заеднички интереси. Воопшто немаше романтика, – вели еден очевидец.

Иако како главна причина за разводот се наведува неверството на Качер, сепак, изгледа во нивниот брак многу работи веќе подолго време не „штимале“. И Ештон сакал крај, но чекал Деми да го стори тоа прва. Ја сакал, но повеќе не можел да издржи со неа, си се здосадиле еден на друг. Деми била таа што најмногу се нервирала поради разликата во годините.

Напиши коментар